• среда, 25 декември 2024

По скептицизмот околу вакцините, Ники Минаж „на дневен ред“ во Белата куќа

По скептицизмот околу вакцините, Ники Минаж „на дневен ред“ во Белата куќа
Вашингтон, 16 септември 2021 (МИА) - Белата куќа ѝ понуди на американската раперка Ники Минаж да се поврзе со докторите од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, со кои ќе разговара за нејзините прашања во врска со антиковид вакцините. Ова, по нејзината објава на Твитер за тоа како вакцините наводно предизвикуваат импотенција. Белата куќа испрати слични повици и до други кои се загрижени за вакцините, со цел да се потисне кампањата за дезинформации во врска со нивната безбедност и ефективност. Ники Минаж потврди дека Белата куќа ја поканила и навести дека ќе оди на разговор, ако „ѝ понудиле само повик“ од Белата куќа. Пејачката има над 22,6 милиони следачи на Твитер. Таа претходно објави дека организаторите на годинашната Мет гала, барале од учесниците да бидат вакцинирани пред присуството, но не би примила вакцина сѐ додека „не почувствува дека направила доволно истражување“ за тоа. Таа потоа напиша и за „другар на нејзин братучед во Тринидад“, кој наводно станал импотентен откако примил вакцина.  си/

Остани поврзан