• среда, 27 ноември 2024

По синоќешната блокада на патиштата кривични пријави до СПАК за 16 пратеници, уапсени четири лица, пријави за 195 лица и еден градоначалник

По синоќешната блокада на патиштата кривични пријави до СПАК за 16 пратеници, уапсени четири лица, пријави за 195 лица и еден градоначалник

Тирана, 30 октомври 2024 (МИА) - Кривични пријави против 16 пратеници до Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК,  уапсени четири лица, пријава за градоначалникот на Каваја, Фисник Ќосја и други 195 лица, со право да се бранат од слобода, е полицискиот биланс по вчерашниот протест на опозицијата, под мотото „граѓанска непослушност“.

- Тоа, по темелните истражни и процесни дејствија, извршени од страна на локалните полициски дирекции на Тирана, Елбасан, Драч, Фиер и Лежа, под раководство на соодветните обвинители, за документирање на незаконитостите сторени при вчерашните собири, како и за идентификација и гонење на нивните автори. Дополнително се трага по уште пет лица, стои во полициското соопштение.

Се додава дека продолжува работата за апсење на бараните граѓани, идентификација на возачите на возилата со кои беше блокиран сообраќајот, како и во насока на надлежните обвинители, а во тек се увиди за откривање на други граѓани вмешани во незаконитост при овие собири.

Инаку, во организација на опозициските демократи синоќа три часа беа блокирани шест главни национални патни правци, поради што во периодот од 17 до 20 часот Албанија беше целосно „парализирана“.

Дополнително на тоа, имаше и тензични ситуации, напад врз полициските службеници и нивно омаловажување, обиди за пробивање на полициските кордони, палење гуми и контејнери за отпад.

Пред и за време на одржувањето на протестот полицијата предупредуваше дека блокирањето патни правци е кривично дело предвидено со член 293 од Кривичниот законик, со кој се предвидува казна затвор во траење од три години. вт/паг/

 

 

 

 

Остани поврзан