По пауза од пет години возобновен Меѓународниот фестивал за хумор, сатира и карикатура „Пијанец 2022“
- Во Делчево по пауза од пет години возобновен Меѓународниот фестивал за хумор, сатира и карикатура „Пијанец 2022“. Настанот под мотото „Случајно е намерно“ се одржа во организација на НУ Цента

Делчево, 28 октомври 2022 (МИА) - Во Делчево по пауза од пет години возобновен Меѓународниот фестивал за хумор, сатира и карикатура „Пијанец 2022“. Настанот под мотото „Случајно е намерно“ се одржа во организација на НУ Центар за култура „Н.Ј. Вапцаров“.
- Горд сум што после пет години го возoбновивме фестивалот и се надевам дека од година во година ќе расте и ќе прерасне во еден од поголемите Меѓународни фестивали на карикатура и афоризам, истакна директорот на Центарот за култура Методи Толевски.
Афористичарот Миле Ѓорѓијоски на чија иницијатива пред 10 години фестивалот за прв пат се организираше е горд што и покрај паузата од 5 години, публиката со своето присуство покажала дека фестивалот ќе продолжи да живее.
- Изненадени сме од бројноста и добриот прием на публиката на афоризмите кои ги кажуваа моите колеги. Мислам дека сме на вистински пат фестивалот за карикатура и афоризам да биде еден од водечките во регионот, рече Ѓорѓијоски.
На настанот настапија познати афористичари од неколку градови во Македонија, а во рамки на фестивалот беа изложени карикатури од младиот ликовен уметник Софија Ситновска. Пред присутните афоризми читаа членови на некогашното Експериментално театарче, а на крај од настанот организаторите доделија благодарници за дел од афористичарите учесници и поддржувачи на фестивалот.
Меѓунарoдниот фестивал за хумор, сатира и карикaтура финансиски е поддржан од Министерството за култура. вс/сх/


