• четврток, 07 ноември 2024

По обилните дождови во Куманово општинскиот штаб со препорака водата да се користи како техничка

По обилните дождови во Куманово општинскиот штаб со препорака водата да се користи како техничка

Куманово, 22 мај 2024 (МИА) – На вонреден состанок, денеска општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово донесе одлука со препорака до жителите водата од ЈП „Водовод“ да не се користи за пиење.

Ова доаѓа по појавата на обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден на територијата на општина Куманово, при што беше забележано заматување на водата во водоснабдувачкиот систем.

Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржа вонреден состанок и на кумановци им препорача да не се пие водата од ЈП „Водовод“, да се користи како техничка со превривање.

– Главен проблем претставува заматување на водата во водоснабдителниот систем, заради обилните дождови. Заради истото, водата која се доставува во водоводната мрежа во Куманово, исто така е заматена. Препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува сè додека не се утврди дека истата е безбедна за пиење, информираа од штабот.

На денешниот вонреден состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување присуствуваа претставници од Општина Куманово, Совет на општина Куманово, Регионален центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, ЈП „Водовод“, ЈП „Чистота и зеленило“, АД Водостопанство, Државен инспекторат за животна средина и Центар за јавно здравје. ам/ра

Фото: Општина Куманово

 

 

Остани поврзан