• петок, 13 декември 2024

По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности

По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности

Тирана, 2 декември 2024 (МИА) - Првиот човек на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, во својот говор во Собранието на Албанија, каде што се одржа состанокот на Комисијата за мониторинг на Советот на Европа, рече дека СПАК е на првата линија на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Думани наведе дека СПАК гони различни претставници на извршната власт, членови на собранието, како и на судската власт, адвокати, судии и службеници од државната полиција и за актуелни или поранешни градоначалници, додавајќи дека овозможиле напад на криминални организации за шверц на дрога.

- Покрај кривично гонење, за високите функционери, во фокусот на СПАК е и борбата против организираниот криминал. Тоа е и идентификување и одземање на производите од кривичното дело, како за субјекти кои се гонети за кривично дело корупција, така и за субјекти на организиран криминал. Од датумот на создавање на СПАК, до денес, кога зборуваме, запленивме вкупно 150 милиони евра имот стекнал од криминални активности,  рече првиот човек на СПАК.

Тој посочи дека институцијата со која раководи не може сама да се бори против корупцијата и порача дека е „потребна  соработката и на другите институции за да бидеме успешни во борбата против корупцијата".

- Последнава година посебно внимание е посветено на зајакнувањето на соработката со обвинителствата од регионот. Имаме многу добри односи и соработка со обвинителството на Црна Гора, Косово и Северна Македонија, нагласи Думани. 

Специјалното обвинителство на Албанија е формирано во ноември 2019 година. вт/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан