• понеделник, 23 декември 2024

По Крос, и Милер најави повлекување од германската репрезентација

По Крос, и Милер најави повлекување од германската репрезентација


Берлин, 6 јули 2024 (МИА) – Четвртфиналниот натпревар во кој Германија во петокот загуби од Шпанија (0-1) на ЕВРО2024 беше последен во германскиот дрес за 35-годишниот Тони Крос, а крај на репрезентативната кариера најави и неговиот сонародник Томас Милер.
„Да, многу е можно ова да беше мојот последен натпревар за Германија“, изјави по натпреварот Милер за Скај Спорт.
Милер дебитираше за Германија во 2010 година и оттогаш одигра 131 натпревари, постигнувајќи 45 голови, како и 41 асистенција.
„Горд сум што сум дел од овој тим и пред сè горд што сум Германец. Благодарност до сите што навиваа со нас и беа одлични домаќини. Да го внесеме ова чувство во нашиот секојдневен живот токму сега во сегашно време“, напиша Милер на социјалните мрежи.
Неговиот најголем успех со репрезентацијата е освојувањето на Светското првенство во 2014 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан