• вторник, 24 декември 2024

По инагурацијата на Лукашенко опозицијата повика на граѓанска непослушност

По инагурацијата на Лукашенко опозицијата повика на граѓанска непослушност
Минск, 23 септември 2020 (МИА) - Белоруската опозиција денеска повика на граѓанска непослушност откако Александар Лукашенко беше инагуриран за претседател и покрај секојдневните протести. Инагурацијата на Лукашенко се одржа денеска без претходна најава. Членот на Координативниот совет на опозицијата Павел Латушко на социјалните мрежи напиша ека тој и неговите сојузници никогаш нема да ја прифатат фалсификуваната изборна победа на Лукашенко и побараа нови претседателски избори. - Ги повикуваме сите веднаш да започнат кампања за граѓанска непослушност, истакна Латушко. ми/

Остани поврзан