• среда, 25 декември 2024

По договорот со Чави, на ред е капитенот Серхи Роберто

По договорот со Чави, на ред е капитенот Серхи Роберто

Барселона, 25 април 2024 (МИА) - Раководството на Барселона има намера да започне преговори со Серхи Роберто за нов договор веднаш по дефинитивното решавање на прашањето за иднината на Чави на чело на тимот, информира италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Се очекува тој да добие понуда за уште две сезони. Двете страни дури имаа првични разговори кои поминаа добро, но допрва треба да се разработат главните детали од договорот.

Актуелниот договор на Серхи Роберто трае до крајот на сезоната, но Каталонците продолжуваат да ја ценат неговата сестраност и целокупното влијание во клубот и поради овие причини сакаат да го задржат на „Камп Ноу“.

Серхи Роберто моментално е капитен на првиот тим на Барселона, но досега има само девет настапи во Примера од почетокот на сезоната, со три гола и една асистенција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан