• сабота, 23 ноември 2024

По вторпат во Охрид се организира настанот „Вкусете го Охрид - локално“

По вторпат во Охрид се организира настанот „Вкусете го Охрид - локално“

Охрид, 24 јули 2023 (МИА) – Во организација на „Слоу фуд“ од Охрид в сабота на плоштадот кај Дoлна Порта во Охрид ќе се одржи вториот настан „Вкусете го Охрид – локално“ каде посетителите ќе можат да дегустираат локални специјалитети приготвени на традиционален начин.

„Слоу Фуд-Охрид“ е дел од „Слоу Фуд Македонија“ и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет промовираат бавно приготвувана храна наспроти трендот на консумирање брза неквалитетна храна.

„Слоу Фуд“ замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна што е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нивниот принцип се заснова врз концепт за храна дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи - добра односно квалитетна, вкусна и здрава храна, потоа чиста храна произведена без негативи поледици врз околината и истата да е по цени достапни за потрошувачите и со правични услови за исплата на производителите.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“  е организиран со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ . аб/дма/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан