• петок, 13 декември 2024

Почнува пријавувањето за Авицена Женска Трка 2025

Почнува пријавувањето за Авицена Женска Трка 2025

13 декември 2024

Денеска официјално почнува пријавувањето за 13-тото издание на Авицена Женска Трка 2025, која ќе се одржи на 13 април, 2025 година со почеток во 10:00 часот. Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2025“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/. Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Сите што ќе се пријават до 30 март 2025, нивното име ќе биде испишано на стартниот број. Рокoт за пријавување трае најдоцна до 3 април 2025, а на денот на трката не е можно пријавување.

Стартот на кружната трка од 3 километри ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.

Подготвени се и репрезентативни маици со логото на трката, кои ќе може да се купат при самиот процес на регистрација.

Со категории за сите возрасти и вредни награди, оваа трка е повеќе од спортски настан, таа претставува симбол на женска сила, мотивација и поддршка. Минатогодишниот успех на Авицена Женска Трка донесе рекордна бројка на женски учеснички на Виз Ер Скопскиот Маратон - дури 52% од сите учесници беа жени!

„Авицена Женска Трка 2025“ е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и тринаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. 

Организаторите на настанот ги охрабруваат сите жени да се пријават на трката и им посакуваат одлични резулатати.

Трчај за себе, за заедницата и за сите кои допрва ќе ги откријат радостите на активниот живот. Спортувањето е забавно и уште подобро во друштво!

„Авицена Женска Трка 2025“

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан