Почнува изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле
- Претседателот на Владата Зоран Заев денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за о

Скопје, 4 март 2021 (МИА) - Претседателот на Владата Зоран Заев денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Анди Аранитаси ќе присуствува на официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле.
Изградбата на далекуводот Штип- Овче Поле, како што соопшти владината прес-служба, е дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електропреносната мрежа на Република Северна Македонија. мс/ев/