• петок, 22 ноември 2024

Почнува Европското одбојкарско првенство за јуниорки во Скопје

Почнува Европското одбојкарско првенство за јуниорки во Скопје
Скопје, 27 август 2022 (МИА) - Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) од денеска до 4 септември во Скопје е домаќин на Европското првенство до 19 години во женска конкуренција. Македонската јуниорска женска одбојкарска репрезентација ќе игра во групата А заедно со Финска, Грција, Италија, Полска и Словенија. Прв противник на македонските одбојкарки вечерва со почеток во 20:30 часот ќе биде репрезентацијата на Финска. Сите натпревари во рамки на групата А ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Групата Б ја сочинуваат Хрватска, Романија, Србија, Швајцарија, Холандија и Турција, кои своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“. ег/ки/

Остани поврзан