• вторник, 27 август 2024

Почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство

Почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство

Берлин, 17 јануари 2024 (МИА) – Со натпреварите од Групата-2 денес почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство кое што се одржува во Германија.

Од првата групна фаза по два бода пренесоа Данска, Шведска  и Словенија, додека Холандија, Норвешка и Португалија, Главната рунда ќе ја почнат без бодови.

Двојки за денес:
Норвешка – Португалија (почеток 15:30 часот)
Данска – Холандија (18 часот)
Словенија – Шведска (20:30 часот)

Групата – 1 ја сочинуваат: Унгарија и Франција (од прелиминарната рунда пренесоа по 2 бода), Австрија и Хрватска (пренесоа по 1 бод), Германија и Исланд (не пренесоа бодови). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан