• сабота, 23 ноември 2024

Почна јавната седница во скопска апелација за случајот „Таргет-Тврдина“

Почна јавната седница во скопска апелација за случајот „Таргет-Тврдина“
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Северна Македонија, во период од 2008 до 2015 година. За овој случај, Основниот Кривичен суд - Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни. Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. Додека, обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Судија известител на денешното рочиште во апелација е судијата Енвер Беџети, а како застапник на Вишото Jaвно обвинителство Скопје е обвинителот Елвин Вели. оџ/ац/

Остани поврзан