• вторник, 24 декември 2024

Почна уредување на простор пред згради на „Тоде Думба“ во Куманово

Почна уредување на простор пред згради на „Тоде Думба“ во Куманово

Куманово, 5 март 2024 (МИА) - Почна поставување на бекатон пред влезови на единаесет згради на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, соопштија денеска надлежните.

-Планираме да поставиме бекатон кај сите единаесет згради на „Тоде Думба“ во населбата „Гоце Делчев“. Станува збор за објекти градени во 80-тите години, земјиштето е општинско, наша цел е да инвестираме за да овој дел од градот добие поубав лик како влез во една од најголемите урбани населби во градот, изјави претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.

-Таа ги повика станарите од колективните згради на ниво на Куманово да аплицираат и на повикот кој го објави општината, а се однесува на доделување субвенции за колективните станбени згради за уредување на дворните површини за годинава. Лани беа пријавени само две згради. Локалната власт ги повика заинтересираните правни субјекти да достават барања за користење на средства за уредување на дворни површини и просторот околу станбените згради, сè до исцрпување на буџетот, најдоцна до 30 ноември годинава. Средствата што ќе ги надоместува Општина Куманово се во вредност од 80 проценти од вкупната инвестиција, но не повеќе од 80.000 денари по доставено барање, велат од општина Куманово. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, сè до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 400.000 денари. ам/сст/

Фото: МИА архива и Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан