• вторник, 24 декември 2024

Почна снимањето на краткиот игран филм „Северен пол“

Почна снимањето на краткиот игран филм „Северен пол“
Скопје, 29 јануари 2021(МИА) - Во отежнати услови со следење на Ковид-19 протоколите, на 26 јануари започна снимањето на краткиот филм „Северен пол“ по сценарио и режија на Марија Апчевска, во продукција на „Кино Око“, информира Агенцијата за филм. Главните улоги во филмот ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти се  Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ од Сервиа Филм. Снимањето ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица до 31 јануари оваа година. Инаку, како што информира Агенцијата за филм, ова е осмиот филм што се снима во земјава според Ковид-19 протоколите. ки/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан