• понеделник, 23 декември 2024

Почна Скопскиот економски и финансиски форум (во живо)

Почна Скопскиот економски и финансиски форум (во живо)

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Почна Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ што го организира Министерството за финансии (МФ). По воведните обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан кои ќе го отворат Форумот, предвидено е да се одржат четири панел-дискусии: „Забрзување на европската и регионалната интеграција“; „Унапредување на окружувањето за економски просперитет“; „Геополитика и политика“ и „Глобални трендови и бизнис можности“.

Според МФ, целта на Форумот е „отворање транспарентна и инклузивна дискусија на релевантни теми во време кога пред граѓаните се отвораат бројни нови можности за повисок стандард, понапредни услови за живот, сигурност и перспектива преку евроинтеграцијата“.

На панелите во рамки на СЕФФ ќе зборуваат претставници на европските банки – Европска инвестициска банка, Банка за развој при Советот на Европа и Европска банка за обнова и развој, на меѓународните финансиски институции – Светска банка и ММФ, УСАИД, како и претставници од владите во регионот и земјава, дипломати, претставници од бизнис-секторот, академската јавност итн.

СЕФФ е иницијатива на Министерството за финансии за обединување и дебата меѓу креаторите на политиките и политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската јавност, бизнис-секторот и други експерти, со цел креирање синергија на идеи и иницијативи за економско закрепнување и инклузивен, забрзан и зелен раст. мч/вј/

фото: принт скрин

Тагови

Остани поврзан