• четврток, 26 декември 2024

Почна реконструкција на шеталиштето на реката Црни Дрим во Струга

Почна реконструкција на шеталиштето на реката Црни Дрим во Струга

Струга, 8 мај 2023 (МИА) - Општина Струга денеска почна со санирање на десната страна од шеталиштетот на реката Црн Дрим со камени плочи.

Целта на проектот, како што соопшти општинската прес-служба, е подобрување на состојбата на шеталиштето за безбедно движење на пешаците, како за локалното население, така и за туристите.

- Дел од ова шеталиште ќе има одреден временски режим за снабдување на бизнисите со потребната стока, во утринските часови, додека во текот на денот и навечер тој дел ќе биде наменет за пешаците. Имено, нема да се прави улица за возила како што било порано, ниту еден од бизнисите лоцирани на булеварот нема да биде засегнат и терасите пред нив ќе останат такви какви што се, уредени со новите камени плочки што ќе се постават, стои во информацијата.

Делот од шеталиштето што ќе биде уреден за снабдување со стоки, појаснуваат дека ќе се контролира за влез и излез преку електронска бариера.

- Работите ќе се одвиваат со забрзано тепмо, бидејќи Струга ќе биде домаќин на меѓународни настани. Апелираме до граѓаните кои се движат по овој булевар да внимаваат на градежните работи, стои во информацијата на Општина Струга. сс/мч/

фото Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан