• сабота, 21 декември 2024

Почна реконструкцијата на локалниот пат Кадино - Мралино

Почна реконструкцијата на локалниот пат Кадино - Мралино

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, соопштуваат од Општина Илинден. 

Оттаму велат дека станува збор за реализација на капитална инвестиција предвидена со стратешкиот план за развој на Општината за 2022-2026. Во рамки на проектот ќе се реконструира и санира локалниот пат во должина од 500 метри, широчина 5 метри. Дополнително во наредниот период ќе се гради примарна фекална канализација покрај локалниот пат и изградба на нов тротоар. Со градежните работи покрај асфалтирањето ќе биде воспоставен и систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат.  

-Увид во градежните работи на овој значаен патен правец  денеска направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со реконструкцијата на оваа улица се овозможуваат подобри услови за граѓаните со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, пешаците и велосипедистите, информираат од Општината. 

Со изградбата на улицата, велат, на граѓаните значително им се подобруваат условите за живот во нивното секојдневно функционирање. Се подобрува секојдневната комуникација на граѓаните од овие населени места со административниот дел на Општината и значително се намалува времетраењето на патување до нивните работни места. сст/дма/

фото Општина Илинден

 

Остани поврзан