Почна реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци
- Со поставување на првите цевки денеска во Богданци почна реконструкцијата на водоводната мрежа со средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Богданци, 11 април 2023 (МИА) - Со поставување на првите цевки денеска во Богданци почна реконструкцијата на водоводната мрежа со средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Реконструкцијата ќе трае три години, а компанијата изведувач ги почна работите со поставување нови цевки.
-Договорот е вреден 250 милиони и 228 илјади денари или околу 4 милиони и 68 илјади евра склучен меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и изведувачот „Конструктор“. Очекуваме во наредните три години целосно да се реконструира дистрибутивната водоводна мрежа во Богданци, изјави градоначалникот Блаже Шапов.
Со зафатот ќе се опфатат сите 179 краци од водоснабдителната дистрибутивна мрежа во Богданци со реконструкција на постоечките шахти и хидранти. Паралелно ќе се изврши и замена на 2.157 приклучоци-водомери со инсталација на нови за далечинско отчитување на потрошената вода. рт/бак/
Фото: Општина Богданци