• среда, 27 ноември 2024

Почна процесот на уставни измени, за власта неповторлива шанса кон европскиот пат, опозицијата со непроменет став

Почна процесот на уставни измени, за власта неповторлива шанса кон европскиот пат, опозицијата со непроменет став

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за уставни прашања вчера ја изгласа потребата за пристапување кон измена на Уставот, додека собраниската седница за уставни измени е закажана за 18 август. Премиерот Димитар Ковачевски образложувајќи ја потребата за уставни измени пред Комисијата, рече дека предлогот на Владата за уставни измени е целосно и единствено во насока на остварувањето на нашата консензуална и врвна државна стратешка цел, членство во ЕУ. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, Христијан Мицкоски, повтори дека 44 пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата се јасни и прецизни во својот став дека, како што кажа, уставни измени под бугарски дикатат нема да има.

На Комисијата за уставни прашања беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт- амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучоци беа донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“.   

-Под еден, Комисијата го поддржува предлогот за пристапување кон измена на Уставот поднесен од Владата на Република Северна Македонија. Под два, Комисијата предлага на Собранието предлага да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, предложи Џафери. 

Вториот заклучок се однесува на подготвување на нацрт - амандмани за измена на Уставот, доколку се изгласа потребата на собрансиката седница закажана за 18 август. 

-Согласно член 131, став 1 од Уставот одлуката за пристапување кон измена на Уставот на РСМ ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство од вкупниот број на гласови на пратеници. Доколку Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот согласно членот 196 став 4 од Деловникот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацрт амандманите на Уставот, поради што предлагам на Комисијата да усвои и на Собранието да му предложи следниот заклучок: Подносителот на предлогот за измена на Уставот, Владата на РСМ најдоцна во рок од 15 дена да подготви текст на нацрт-амандманите и да го достави до Собранието, рече Џафери. 

Претходно на Комисијата предлогот за уставни измени го образложи премиерот Ковачевски, а зборуваа и претставници од сите пратенички групи. Против уставните измени се 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и двајцата пратеници од Левица.  

Ковачевски рече дека предлогот на Владата за уставни измени е целосно и единствено во насока на остварувањето на нашата консензуална и врвна државна стратешка цел, членство во ЕУ.

-Поставена уште од независноста на нашата земја, во 1991-та година, која денес е мнозинска волја на граѓаните, нивна нужна и најважна потреба и шанса, особено на сегашните и идни млади поколенија бидејќи овозможува и гарантира реална европскаи сегашност и иднина во родната земја, истакна Ковачевски образложувајќи го предлогот за уставни измени.

Ковачевски навраќајќи се на Заедничкиот став на Европската Унија потенцира дека се очекува зајакнување на еднаквите права на заедниците, заради усогласување со Копенхашките критериуми и оти за таа цел, државава има преземено обврска за релевантни уставни измени, со цел, во Уставот да се вклучат и граѓаните кои живеат во земјава и се дел од други народи, а кои не се дел од Уставот.

Северна Македонија, додаде, денес има неповторлива шанса да го направи клучниот чекор за да продолжи по европскиот пат, а потоа во забрзан интегративен процес, во следните неколку години, да стане и членка на ЕУ.

Уставните измени кои се пред вас, како што кажа, не загрозуваат ниту едно македонско идентитетско прашање.

-И тоа е целосно јасно и прецизно, тоа е цврст факт. И воедно, предлогот го продолжуваат и интензивираат процесите на  патот кон целосна интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, додаде премиерот.

Како што објасни, согласно ова и согласно претходните измени на Уставот, е направена и измената на делот за Комитетот за односи меѓу заедниците, за запазување на паритетот на претставниците во Парламентот, на сите, вака утврдени, заедници во Преамбулата на Уставот.   

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ од претседателот на Собранието Талат Џафери бара да ја врати во Владата Информацијата за содржината на Предлог-преговарач

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во име на 44 пратеници на опозициската партија го изнесе ставот против уставните измени. Како што беше најавено, тие гласаа и против дневниот ред на седницата на Комисијата за уставни прашања.

Мицевски повтори дека тие не прифаќаат уставни измени под диктат, притисок и наметнувања и оти тие никогаш нема да ги поддржат, затоа што тоа, според ВМРО-ДПМНЕ е директно кршење на суверенитетот на една земја.

-Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот на една земја. Суверенитетот произлегува од народот, а огромно мнозинство од народот над 80 отсто вели „не“ на ваков начин на насилство од страна на власта. За жал трагичната вистина видлива и денес пред целата македонска јавност е дека ние имаме глува и слепа власт, рече Мицевски. 

Треба да целиме кон нашиот пат во ЕУ. Ова е нашата писта и  нашиот пат. Секое одбивање или неподржуваме на овој пат, ќе го наруши тоа што сме го постигнале, истакна од собраниската говорница

Пратеникот на Алијансата за Албанците Ељми Азири на седницата на Комисијата за уставни прашања, рече дека „ова е нашата писта и  нашиот пат“ и оти „секое одбивање или неподржуваме на овој пат, ќе го наруши тоа што сме го постигнале“.

-Без кохезијата нема да имаме државен поредок. За жал ние денес демонстрираме недостиг на капацитетите за преземање одговорности. Прашањата кои се потешки секогаш се решавани со продуктивни компромиси и ние сме подготвени за тоа, но за жал тие што денес импровизираат лажни борби за својот идентитет не се подготвени да го направат тоа за нас. Вашингтон и Брисел се двата најголеми центри и нашите цели треба да се насочени кон нив. Идентитетот се негува во институциите, а се легитимира на меѓународно ниво, рече Азири.

Пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев од собраниската говорница денеска на Комисијата за уставми прашања нагласи дека никогаш нема да има уставни измени.

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, пак, рече дека никогаш нема да има уставни измени.

-Никогаш нема да има уставни измени. Ова ќе биде нашето единствено излагање по предлогот, затоа што сметаме дека материјална расправа е безвредна, бидејќи вие премиере ја направивте сметката без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Навистина е излишно материјална расправа по ова прашање, рече Апасиев.

Тој ја обвини власта дека не обезбедила никакви државнички гаранции и посочи дека Бугарија и други земји можат да ни стават вета на патот кон ЕУ.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вчера изјави дека не очекува дискусијата за уставните измени во собраниската Комисија за уставни прашања да трае десетина дена, туку очекува и има „чувство“ дека денеска ќе заврши.

-Четириесет и четири пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата се јасни и прецизни во својот став. Вчера имавме координација, без ниту еден збор никој да каже, јасно беше дека зборуваме сите на глас, а тоа е дека уставни измени под бугарски дикатат нема да има, порача Мицкоски, во изјава при посетата на Битола.

Прашан дали постои можност за „манипулација“ на пленарната седница, не во однос на пратениците, туку во однос на техниката, претседателот на ВМРО - ДПМНЕ одговори дека и за тоа имаат стратегија, иако очекуваат, како што рече, веднаш ако имаат 80 пратеници, да ја ставаат точката на дневен ред.

- Ги повикувам веднаш, да заврши Уставната комисија, уште утре да закажат собраниска седница и да видиме дали имаат 80 пратеници или не. Ако не закажат тогаш е јасно дека немаат, ако немаат јас не гледам друга политика која оваа Влада би ја оправдала во нејзиното постоење и треба час поскоро да го распуштиме Парламентот и да одиме на парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Јавното обвинителство итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот, препорака до сите работодавачи таму каде што е можно

Владата минатиот вторник до Собранието го достави Предлогот за уставни измени. Интервенциите во Уставот, како што посочија од Владата, се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот. 

Уставните измени се согласно Преговарачката рамка со ЕУ, и по нивното усвојување се одржува Втората меѓувладина конференција со Унијата, со што се отвораат Кластерите. Во меѓувреме процесот на скрининг на усогласување на законодавството со ЕУ тече и се очекува да заврши во ноември годинава.нд/лв/

 

Остани поврзан