• среда, 25 декември 2024

Почна поставување на нови енергетски фасади во две основни училишта во Куманово

Почна поставување на нови енергетски фасади во две основни училишта во Куманово

Куманово, 23 мај 2024 (МИА) - Почна поставување нови енергетско-ефикасни фасади во две кумановски основни училишта, соопштија денеска надлежните. Нови фасади наскоро ќе добијат „Христијан Тодоровски - Карпош“ и „Толи Зордумис“.

- Аплициравме за овие проекти пред две-три години, одобрени се од Министерството за образование и наука. Претодно две беа завршени. Во моментов течат активности во „Христијан Тодоровски - Карпош“ и „Толи Зордумис“. Очекуваме заштеда на електрична енергија и подобри услови за учениците и вработените, изјави раководителот на Секторот за образование од општина Куманово, Александар Јовановиќ.

Реализација на овој потфат се одвива преку проектот „Изградба и опремување на 145 спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта во Македонија“, a е финансиран од МОН, со поддршка на Општина Куманово.

Претходно заврши поставувањето на фасади на Основното училиште „11 Октомври“, остануваат да се реализираат уште две во училиштето „Браќа Рибар“ во село Табановце и во „Вук Караџиќ“.

Општина Куманово аплицираше за пет енергетско-ефикасни фасади, а за „Христијан Тодоровски - Карпош“ и „Толи Зордумис“ е поднесе проект и за пристапни рампи за лица со физичка попреченост. Воедно за „Толи Зордумис“ е опфатена и санација од претходни навлегувања на атмосферски води. ам/мд/


Фото: Општина Куманово



 
 

 

Остани поврзан