Почна изградбата на нов паркинг во Битола
- Почнаа работни активности на терен за изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците „Цане Василев“ и „Кочани“ во Битола.
Битола, 12 јуни 2023 (МИА) - Почнаа работни активности на терен за изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците „Цане Василев“ и „Кочани“ во Битола.
Градежниот зафат се врши по комплетното расчистување на просторот и отстранувањето на диво поставените времени објекти.
-Со реализација на проектот ќе се овозможи уредување на долги години запуштениот простор и ќе се изгради нов паркинг за 34 автомобили. Во моментот се работи на канализационата мрежа и одводнувањето во должина од 112,4 метри, соопштија од Општина Битола.
Вкупната инвестиција за новиот паркинг изнесува четири милиони денари, потврдија од локалната самоуправа. мт/цр
Фото: Општина Битола