• петок, 26 јули 2024

Почна замена на прозорци и фасада во кумановската гимназија

Почна замена на прозорци и фасада во кумановската гимназија
Куманово, 17 септември 2021 (МИА) - Почна реконструкцијата на училишната зграда во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните. Во првата фаза ќе се заменат прозорците на училниците, а во втората ќе се реконструира фасадата. - Се надеваме дека ќе добиеме поквалитетни услови за изведување на наставата. Заменетите прозорци и фасадата ќе придонесат за заштеда на енергијата, изјави директорката на гимназијата, Марија Тодороска. Во пандемискиот период гимназијата набави паметни табли, а беше изградено и спортско игралиште. Настава во „Гоце Делчев“ следат 955 ученика. Гимназијата функционира од 1946-та година. Претходно столаријата била заменета во 80-тите години од минатиот век. ам/мс/

Остани поврзан