• сабота, 23 ноември 2024

Почна втората фаза од поплочувањето на улиците во штипската стара населба  Ново Село

Почна втората фаза од поплочувањето на улиците во штипската стара населба  Ново Село

Штип, 28 март 2024 (МИА) - Штипско Ново Село си го враќа автентичниот изглед со поплучување на улиците. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција во старата и историска населба ја најави втората фаза од проектот за поплочување на улиците.

Посочи дека во наредните неколку месеци ќе се работи на овој проект со кој неколку улици ќе бидат поплочени со камени плочи со што ќе ја зачуваат автентичноста. Инвестицијата изнесува нешто помалку од осум милиони денари.

-Ја користам приликата да ја најавам втората фаза од реализацијата на проектот за поплочување на улиците во Ново Село во автентичен стил. Станува збор за поплочување на улиците „Ѓуро Ѓаков“, „Сане Малинов“ „Никола Карев“, дел од улица „Димитар Влахов“ кои се проект на Општина Штип и од Бирото за рамномерен регионален развој. Станува збор за инвестиција вредна нешто помалку од осум милиони денари, вели Јорданов.

По завршување на поплочувањето на улиците од страна на општината ќе се пристапи кон реализација на проектот за уредување на фасадите на одредени објекти и куќи на самите улици, а ќе се работи на реконструкција на бања Кежовица и изворот Л'џи. вдј/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан