• сабота, 09 ноември 2024

Почна втората рунда преговори меѓу Украина и Русија

Почна втората рунда преговори меѓу Украина и Русија
Минск, 3 март 2022 (МИА) -  Прекин на огнот, примирје и воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, се трите главни прашања на агендата на втората рунда украинско-руски преговори, што започна денеска на полско-белоруската граница. - Започнаа разговорите со руските претставници објави денеска на Твитер советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговоите со Русија Микаило Подољак, изнесувајќи ги трите клучни прашања на средбата. Делегацијата на Украина, како што јавија белоруските медиуми, на местото на преговори во „Бјаловјешка шума“ пристигнале со хеликоптер. Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров посочи дека условите кои ги поставила Русија се минимални и оти ќе биде пронајдено решение. – Секако дека ќе се најде решение, не се сомневам во тоа. Условите кои за нас се минимални се добро познати, за нив се разговара и на преговорите со украинската страна, како што беше во Гомел и како што ќе се случи денеска, наведе Лавров. Првата рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа во понеделникот во Гомел, во близина на белоруско-украинската граница. аа/

Остани поврзан