Почна асфалтирање на локалниот пат Берово-Црвен Брег-туристичка населба Абланица
- Во Берово денеска започна асфалтирање на локалниот пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица. Како што соопшти градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски се работи за инвестиција вредна 15.4 милиони денари.
Берово, 6 ноември 2024 (МИА) - Во Берово денеска започна асфалтирање на локалниот пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица. Како што соопшти градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски се работи за инвестиција вредна 15.4 милиони денари.
-Се асфалтира локален пат, во должина од 2450 метри, со широчина од 3,5 метри, на претходно поставен тампонски слој, со поставување на бетонски каналети за одводнување и бетонски рабници.
Се надевам дека овој локален пат, во значителни размери ќе ја олесни пристапноста на граѓаните до нивните имоти, ќе ја збогати туристичката понуда на Берово и ќе биде мотив плус за туристите да уживаат во прекрасните природни убавини на нашиот крај, истакна Пекевски.
Беровчани, туристите и посетителите, до ова како што додаде ќе добијат нов пат и побрза сообраќајница за пристигнување до туристичката населба „Абланица“.
-Средствата, во вкупен износ од 15.423.995,00 денари, се обезбедени дел од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада, 13.287.000,00 денари, преку капиталните дотации кои се наменети за финансирање на општински проекти и 2.136.995,00 од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, додаде Пекевски. вс/сст/
Фото: МИА