Почна асфалтирањето на улицата „Зелен пазар“ во Кавадарци
- Почна асфалтирањето на улицата „Зелен пазар“ во Кавадарци на површина од 1200 м/2.

Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Почна асфалтирањето на улицата „Зелен пазар“ во Кавадарци на површина од 1200 м/2.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев информира дека асфалтирањето на оваа улица значи дека за првпат куќите кои се лоцирани на таа улица, ќе добијат пристап со нивните возила, а сообраќајницата ќе биде двонасочна заради влез и излез на паркингот на пазарот.

- Со оваа сообраќајница ќе постои и кружно движење на сообраќај со ул.„Цано Поп Ристов“, „Зелен пазар“ и „7-ми Септември“, со што движењето во градот нема да биде отежнато како што беше досега. Со асфалтирање на оваа улица и монтирањето на тезгите, пазарот би бил пуштен во употреба за неполн месец, напиша Јанчев на својот фејсбук-профил. фф/бак/