• вторник, 24 декември 2024

Почнаа да паѓаат цените на зеленчукот

Почнаа да паѓаат цените на зеленчукот

Штип, 23 април 2022 (МИА) - Цените на одредени земјоделски производи почнаа да паѓаат. Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев за МИА вели дека домашното производство во оранжериите и на нивите ја намали цената на крставиците и кромидот.

Деновиве е забележан пад на цените на овои производи. Земјоделците велат дека веќе неделава очекуваат цените дополнително и да паѓаат, бидејќи ќе се зголемува домашното производство.

Колев вели крставиците и кромидот  на пазарите се продаваат од 60 до 70 денари, додека цената на доматот е од 100 до 120 денари за килограм.

Но, според економистите ако одлуките се носат на краток рок, ќе дадат некој минимален ефект, но долгорочно не може да бидат позитивни.

Според економистот Глигор  Ивановски, целта на Владата е со замрзнувањето на цените да се замрзне маржата на трговците, а не приходот на земјоделците.

Забележува дека за разлика од претходно кога имало домашно производство, сега станува збор за голем процент на производи кои се увезуваат, па и ова влијае врз креирањето на цените. вдј/вг/

 

Фото: МИА

Остани поврзан