Почина Франц Бекенбауер
- На 78-годишна возраст почина легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер.

Минхен, 8 јануари 2024 (МИА) - На 78-годишна возраст почина легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер.
Веста за неговата смрт германските медиуми ја објавија денес.
Како активен фудбалер Бекенбауер стана светски шампион во 1974 година, а мундијалот го има освоено и како селектор во 1990 година.
Со Баерн Минхен има четири трофеи во Бундеслигата, три пехари од Лигата на шампионите.
Два пати (1972 и 1976 година) Франц ја освои златната топка.
Последен професионален ангажман му беше функцијата претседател на Баерн Минхен, од 1994 до 2009 година. зс