• вторник, 24 декември 2024

Почина судијата од Апелационен суд Скопје Нуман Лимани

Почина судијата од Апелационен суд Скопје Нуман Лимани
Скопје, 20 април 2021 (МИА) - По долготрајно и тешко боледување вчера на шеесет и четири годишна возраст почина судијата од Апелационен суд Скопје Нуман Лимани. За судија на Апелационен суд Скопје Лимани избран е 2013 година каде постапуваше по предмети во граѓанскиот и одделот за трговски спорови. Од 2006 до 2009 година работел како Државен секретар во Министерството за правда, а до 2013 година како Државен советник. Од 1993 до 2006 година работел како адвокат. Во текот на својата професионална кариера претседавал и бил член на бројни комисии при донесување на суштински законски и подзаконски прописи. аа/са/

Остани поврзан