• понеделник, 23 декември 2024

Почина професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Татјана Петрушевска

Почина професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Татјана Петрушевска
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - По долго боледување, денеска, почина професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Татјана Петрушевска, соопштија од факултетот. -Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка и особено ценета пријателка, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог и посветен наставник, се наведува на фејсбук статусот на Правниот факултет. Петрушевска беше редовен професор по меѓународно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија. Петрушевска има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија. вг/

Остани поврзан