• четврток, 07 ноември 2024

Почина поранешниот премиер на СССР, Николја Рижков

Почина поранешниот премиер на СССР, Николја Рижков

Москва, 28 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот премиер на СССР, Николај Рижков, почина на 95-годишна возраст, соопшти претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко.

„Замина човек на епохата, човек со единствена судбина и државник со уникатни размери“, изјави Матвиенко на Телеграм.

Рижков беше претседател на Советот на министри на Советскиот Сојуз од 27 септември 1985 година до 14 јануари 1991 година, пренесуваат руските медиуми.

Тој беше и комунистички кандидат на првите избори за претседател на Руската Федерација на 12 јуни 1991 година, на кои загуби од Борис Елцин. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан