• вторник, 24 декември 2024

Почина директорот на ридско-брзинската трка во Пробиштип

Почина директорот на ридско-брзинската трка во Пробиштип
Штип, 16 август 2020 (МИА) - Почина директорот на ридско-брзинската трка, која денеска се организираше во Пробиштип. Учесник во трката пред самиот финиш изгубил контрола над возилото и удрил во 62 годишниот Кире Андреевски-Кирца.  Поради трагичниот  инцидент на патеката, беше прекината ридско - брзинската трка, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам.
По здобиените повреди при инцидентот, на пат кон болницата, животот го загуби 62 годишниот долгогодишен автомобилистички судија и директор на трката, член на Автомобилистичката федерација на Македонија, Кире Андреевски-Кирца, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
-Сакам да изразам искрено жалење и сочувство до семејството и неговите другари од Автомобилистичката федерација на Македонија. Знаејќи ги сите ризици кои ги носи овој спорт посакувам ваквите немили настани да се што поретки или воопшто да не се случуваат, вели Анастасов. вј/бк

Остани поврзан