• четврток, 26 декември 2024

Почина глумецот од „Сопранови“, Пол Херман

Почина глумецот од „Сопранови“, Пол Херман
Лос Анџелес, 30 март 2022 (МИА) - Глумецот Пол Херман, познат по улогите во „Сопранови“ и „Добри момци“, почина вчера на 77-годишна возраст, точно на својот роденден. Неговата смрт ја потврди неговиот колега Мајкл Империоли - кој го играше Кристофер Молтисанти во криминалната драма „Сопранови“ на ХБО. - Почина нашиот пријател и колега Пол Херман. Поли беше одлично момче. Првокласен раскажувач и одличен глумец. „Добри момци“, „Беше еднаш во Америка“, „Ирецот“ и, секако „Сопранови“... Ќе ни недостасува, напиша Империоли на Инстаграм. Пол Херман неодамна глумеше и во филмот на Мартин Скорсезе - „Ирецот“ (2019) и во 60-на други филмски и ТВ-проекти претходно. си/гт/

Остани поврзан