• петок, 22 ноември 2024

Починаа браќата Богданов

Починаа браќата Богданов
Париз, 4 јануари 2022 (МИА) - Игор Богданов, познат француски ТВ-водител, продуцент и научен есеист, почина шест дена по смртта на неговиот брат близнак Гричка. Смртта ја потврди агентот на Игор, истакнувајќи дека дека последните денови Богданов ги минал со семејството. Браќата имаа 72 години. „Замина во мир и опкружен со љубов, во светлото на овој понеделник, 3 јануари 2022 година, со своето семејство“, велат неговите најблиски во соопштението до медиумите. Неговиот брат Гричка почина на 28 декември, откако неколку дена помина во кома в болница. Според медиумите, браќата починале откако се заразиле со коронавирус, но семејството не ги потврди овие наводи. Извор близок до браќата, за француски „Монд“, изјави дека ниту еден од нив не бил вакциниран против коронавирус. Браќата станаа популарни во 1980-тите преку една од првите научно-фантастични серии во Франција наречена „Темпс екс“ (Temps X) на каналот ТФ1. Многумина им се потсмеваа за нивните лица и наводните бројни пластични операции, но тие самите се нарекуваа „вонземјани“.  си/сд/

Остани поврзан