Потпретседателката на САД пристигна во Полска
- Потпретседателката на САД Камала Харис пристигна во Полска на разговори со државниот во ситуација која стана покомплицирана поради, како што го нарече Белата куќа „привремен прекин во комуник
Варшава, 9 март 2022 (МИА) - Потпретседателката на САД Камала Харис пристигна во Полска на разговори со државниот во ситуација која стана покомплицирана поради, како што го нарече Белата куќа „привремен прекин во комуникациите“ поради испраќањето борбени авиони во Украина.
Ер Форс два слета на меѓународниот аеродром Шопен во Варшава нешто по 22 часот по локално време, пренесува Си-Ен-Ен.
Планирано е Харис да ги почне средбите со полските лидери утре изутрина, при што ќе се отвори прашањето за авионите.
Полска вчера објави дека е подготвена своите авиони МиГ-29, за кои Украина постојано бара од земјите на НАТО, да ги стави на располагање на САД и да ги испрати во базата на НАТО Рамштајн во Германија, од каде би можеле да бидат префрлени во Украина.
САД оценија дека предлогот „не е одржлив“, наведувајќи дека таква воена помош за Украина за време на руската инвазија ќе го доведе НАТО во уште покомплицирана ситуација.
Додека е во Варшава, Харис планира да се сретне и со бегалци од Украина и американски дипломати од американската амбасада во Киев, кои сега работат од Полска. ссм/