• среда, 25 декември 2024

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кавадарци и Здружението „Свети Трифун" од Скопје

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кавадарци и Здружението „Свети Трифун

Кавадарци, 23 септември 2023 (МИА) - Меморандум за соработка беше потпишан денеска помеѓу Општина Кавадарци и Здружението ,,Свети Трифун" од Скопје, во Винскиот музеј за регионот „Тиквеш". Документот за соработка го потпишаа Стојанче Рамов, претседател на Совет на Општина Кавадарци, и пртседателот на здружението, Сашко Поп Ангелов.

-На настанот беше промовиран и видеоматеријал на Здружението, а се разговараше и за повеќе активности во делот на промоција на винскиот туризам,  како заедничка заложба и на музејот, и на здружението, рече за МИА Весела Честоева, директорка на музејот.

Таа нагласи дека оваа културна установа што ја негува историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во Тиквешијата, како најголем регион за лозарство и винарство во државата, е отворена за сите што сакаат да придонесат кон промоција на тиквешката и македонската лозаровинарска приказна. свд/хс/

Фото:  МИА и Вински музеј 

Остани поврзан