• вторник, 24 декември 2024

Потпишан Меморандум за соработка меѓу македонскиот и албанскиот олимписки комитет

Потпишан Меморандум за соработка меѓу македонскиот и албанскиот олимписки комитет

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димевски и првиот човек на Олимпискиот комитет на Албанија, Фидел Ули потпишаа Меморандум за соработка.

За време на посетата на Албанија, викендот Димевски оствари средба и со премиерот Еди Рама на која беше разговараше за креирање на нов „мултиспорт евент“ за земјите од југоисточна Европа со што ќе продолжи трендот за подобрување на климата за соработка на земјите од регионов и пошироко.

Претседателот на ОКСМ Димевски беше примен и од страна на министерката за едукација и спорт, Огерта Манастирлиу.

Димевски оствари средба и со градоначалникот на Корча, Сотираќ Фило на која се отвори темата за збратимување на овој град со некој македонски. зс/

Фото: ОКСМ

Остани поврзан