• сабота, 23 ноември 2024

Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари

Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе му додели финансиска поддршка од речиси 12 милиони денари на Институтот за сточарство и рибарство за набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство. Тоа го предвидува  договорот за користење на инвестициски вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери што денеска беше поптишан меѓу двете институции.

-Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 проценти од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство, но не повеќе од 11.979.283 денари со вклучен ДДВ, информира ресорниот министер Цветан Трипуновски.

Со овој договор за користење на финансиска поддршка, како што кажа, Министерството сака да помогне во научноистражувачката како и севкупната дејност која ја остварува Институтот за сточарство и рибарство, се со цел да се унапреди сточарското производство во државата.

-Изминативе години Македонија бележи пад на сточарството. Тој пад треба да се запре и да се превенира преку низа на сет квалитетни мерки. Мојот фокус овој период ќе биде развивање на оваа гранка со воведување на нови и модерни технологии на одгледување на добиток, истакна министерот Трипуновски.

Најави дека во иднина ќе се продлабочи соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Институтот за сточарство и рибарство.вј/са/

Фото: МЗШВ

 

Остани поврзан