• недела, 17 ноември 2024

Потпишан договор со „БМЗ“ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, нови 775 работни места  

Потпишан договор со „БМЗ“ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, нови 775 работни места  

Франкфурт, 4 септември 2023 (МИА) -  Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места. 

Договорот за инвестицијата денеска во Франкфурт го потпишаа извршниот директор и основач на „БМЗ" Свен Бауер и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ) Јован Деспотовски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија. 

Вицепремиерот Битиќи, по потпишувањето рече дека стабилното и предвидливо деловно опкружување кое влева доверба, низата на конкурентни мерки за поддршка на нови инвестиции, дале конкретен резултат, БМЗ по само неколку месечни разговори со претставници на државата да донесе одлука за реализација на инвестицијата и изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 2.

-Радува фактот дека инвестицијата ќе се реализира од високо технолошки напредна компанија, која својот раст и развој го проектира врз основа на истражување и развој, на напредно знаење, што значи дека во нашето стопанство ќе донесе иновативни технологии, практики на управување и експертиза, кои воедно може да се пренесат и на домашните компании во Северна Македонија, изјави Битиќи. 

Во новиот капацитет, БМЗ ДООЕЛ Скопје, ќе се врши сериско производство на батериски производи. 

Вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години. Изградбата на фабриката е планирано да започне кон крајот на 2023 и да заврши најдоцна за 24 месеци. 

Деспотовски и Битиќи најавија дека за потребите на инвестицискиот проект ќе се работи во најсовремена фабрика во ТИРЗ Скопје 2, организирана во три модули за производство и администрација со вкупна површина од 12.000 метри квадратни плус логистички центар. 

Групацијата BMZ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Седиштето на BMZ Holding GmbH е во Карлштајн на Мајна, Германија. Производствените капацитети на групацијата се лоцирани во Германија, Кина, Полска и САД,  а има отворено претставништва за продажба во Јапонија, Велика Британија и Франција.лв/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан