• среда, 25 декември 2024

Потпишан договор за проект за доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ во село Црник

Потпишан договор за проект  за доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ во село Црник

Пехчево, 24 септември 2023 (МИА) - Во Пехчево денеска е потпишан договор за реализација на локална акција „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево. Договорот го потпишаа градоначалникот на Пехчево, Александар Китански и претставници на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико. 

Како што информираа од општината, Општина Пехчево ја има предвидено конкретната акција и за неа има обезбедено средства за реализација
во рамки на Локалниот акциски план за инклузија на ромите во Пехчево за 2023 – 2027 година.

-Проектот ќе се реализира со цел да се подобрат условите за работа, учење и престојување на учениците и персоналот во подрчаното основно училиште во село Црник, информираа од општината.

За реализација на проектот дел од средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, а дел од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Ромалитико, како што беше кажано при потпишувањето на договорот преку проектот Заедно за просперитетна заедница поддржан од Агенција за меѓународен развој ( УСАИД ) има обезбедено средства наменети за иницјативи за решавање на проблеми, со цел подобрување на состојбата на припадниците на ромската заедница. вс/лв/


Фото: МИА

Остани поврзан