• среда, 27 ноември 2024

Потврден коронависусот кај визони и во Грција

Потврден коронависусот кај визони и во Грција
Атина, 13 ноември 2020 (МИА) – Позитивни на коронавирусот се резултатите од деветте примероци земени од живи и мртви визони во фарма во грчкиот град Козани, откако претходно беше потврден Ковид-19 кај еден од фармерите, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на ветеринарната служба од Козани, Теофилос Канѕоглу, во изјава за медиумите вели дека во конкретната фарма има 2.500 животни, дел се мртви, дел се со симптоми, а оние кои што се живи ќе треба да се усмртат. И во уште две други фарми во северниот дел на Грција кај визони се регистрирани симптоми на Ковид-19 и ќе се направат тестови. Денеска во конкретниот регион се врши тестирање со рапид тестови на фармерите, сопствениците на фармите, вработените и слично. Ова е прв случај коронвирусот да биде регистриран кај визони во Грција, откако претходно потврдени беа зарази кај конкретната група животни во Данска, Италија, Шпанија, Шведска и САД. ср/сд/

Остани поврзан