Потврдена борбата Усик – Фјури на 21 декември
- Претседателот на Генералниот директорат за забава на Саудиска Арабија, Турки Ал ал-Шеик, потврди денеска преку социјалните мрежи дека реваншот меѓу украинскиот боксер Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе се одржи на 21 декември во Ријад.

Ријад, 16 август 2024 (МИА) – Претседателот на Генералниот директорат за забава на Саудиска Арабија, Турки Ал ал-Шеик, потврди денеска преку социјалните мрежи дека реваншот меѓу украинскиот боксер Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе се одржи на 21 декември во Ријад.
Првата борба меѓу двајцата боксери се одржа на 18 мај и заврши со победа на Усик со одлука на судиите, а Украинецот стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век.
Вкупно, Усик има 22 победи во 22 професионални борби, додека Фјури има 34 победи и еден пораз. ег ФОТО: Икс