• среда, 27 ноември 2024

Поставен тогоанскиот дел од подморскиот интернет-кабел „Еквијано“

Поставен тогоанскиот дел од подморскиот интернет-кабел „Еквијано“
Ломе, 21 март 2022 (МИА) - Гранката на подводниот интернет-кабел наречен „Еквијано“ (Equiano), којашто ќе ја поврзува и африканската држава Того со Европа, е поставена. Кабелот инаку, се протега од Лисабон, Португалија, до Кејп Таун, Јужна Африка, а сега има одгранок до градот Ломе, Того. Масивниот кабел со оптички влакна на „Гугл“ ќе биде првиот интернет-кабел на „Гугл“ што се протега од Африка до Европа и се очекува да поврзе милиони луѓе на интернет на двата континента. Во Того денес околу 75 отсто од луѓето немаат пристап до „светската мрежа“. Кабелот ќе испорача 20 отсто повеќе интернет-капацитет во регионот. Сепак, подморските кабли имаат недостаток - можат да се скршат и прекинат поради природни неприлики или човечки активности како што е риболовот. Раскинувањето на кабелот, се пчредвидува, може да се случи долж африканскиот брег, па би го оставило целото подрачје без интернет со денови. „Еквијано“ треба да обезбеди услуги и во Нигерија и Намибија, а потоа и во Јужна Африка како крајна точка. Кабелот, како што се наведува, ќе биде целосно функционален и оперативен до крајот на оваа година.  си/

Остани поврзан