• вторник, 26 ноември 2024

Поставени фотоволтаични панели на кровот на ОУ „Лирија“ во велешкото село Бузалково

Поставени фотоволтаични панели на кровот на ОУ „Лирија“ во велешкото  село Бузалково

Велес, 8 февруари 2024 (МИА) - Во ОУ „Лирија“ во велешкото село Бузалково се поставени фотоволтаични панели, со што ќе се заштедат средства за плаќање на електрична струја во ова училишта, соопштија денеска од Општина Велес. Инаку, во тек се и градежните активности за реконструкција на стариот дел од училишната зграда.

Од Општина Велес информираат дека фотоволтаични панели веќе се поставени и на основните училишта „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, „Панко Брашнаров“, како и во селото Горно Оризари.

Фотоволтаични панели се поставени и во средните училишта „Јовче Тесличков“, „Кочо Рацин“, „Димитрија Чуповски“ и во „Коле Неделковски“.

Од Општината информираат дека во тек е поставување на фотоволтаици на зградата на ЛУ Народен музеј, а наскоро ќе се постават и на локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Од Општината потенцираат дека сите овие училишта веќе имаат сопствено производство на електрична струја, а наскоро и двете локални установи од областа на културата Народен музеј и библиотеката ќе произведуваат електрична енергија и така ќе заштедат парични средства  со помали сметки за струја.ад/бт/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан