• сабота, 24 август 2024

Поставена вештачка трева на спортското игралиште во Пехчево

Поставена вештачка трева на спортското игралиште во Пехчево

Пехчево, 18 октомври 2023 (МИА) - Во Пехчево завршено е поставувањето на висококвалитетна вештачка трева на спортското игралиште во дворот на училиштето ,,Ванчо Китанов". Како што истакна директорката на училиштето Добрила Јовевска се работи за активност реализирана според највисоки стандарди за ваков вид проекти.

-Домаќинското работење на целокупниот колектив и препознавање на вистинските вредности се наш приоритет. Поставувањето на вештачка трева на школското игралиште во дворот на ООУ ,,Ванчо Китанов" во Пехчево е проект по сите стандарди. Со реализација на овој проектво нашето училиште се зголемува безбедноста на нашите ученици на часовите по ФЗО, но и надвор од тие часови, истакна Јовевска.

Очекува успешно завршената иницијатива да ги поттикне сите чинители во заедницата да се грижат за самиот простор кој треба да се зачува и за идните генерации.

-Од друга страна сметаме дека оваа иницијатива не само што ќе го зголеми задоволството на учениците, туку и ќе допринесе за целосно ново искуство за игра и дружење на часовите по ФЗО и спортските активности во училиштето, додаде Јовевска.

Проектот е реализиран со сопствени средства на училиштето и поддршка од МОН. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан