• понеделник, 23 декември 2024

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните. Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.

Претходно, и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот. бд/бак/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан