• сабота, 28 декември 2024

Посетата на лидерите на ЕУ во Тирана ќе чини 450 илјади евра

Посетата на лидерите на ЕУ во Тирана ќе чини 450 илјади евра
Тирана, 23 ноември 2022 (МИА) - Посетата на лидерите на Европската унија на Тирана, на 6 декември,  на Самитот ЕУ-Западен Балкан, ќе ја чини албанската држава 450.000 евра, јави АБЦњуз.
- Со одлука на владата се издвојуваат 450 илјади евра за покривање на трошоците за организацијата на „Самитот ЕУ-Западен Балкан", кој во декември ќе се одржи во Тирана. Како што е познато, „сметката“ на Самитот ЕУ-ЗБ ќе биде покриена од резервниот фонд на државниот буџет за 2022 година, јави АБЦњуз.
Телевизијата додава дека на 6 декември во Тирана ќе се сретнат лидерите на Европската унија и оние од регионот, додека неодамна на предлог на германскиот канцелар Олаф Шолц  Албанија го добила претседавањето со Берлинскиот процес и организацијата на Самитот во Тирана.
Потсетува дека истиот ден опозицијата предводена од Сали Бериша најави одржување  на масовен протест.
- Запрашан од новинарите по многуте критики на власта за изборот на овој датум,  кога лидерите на ЕУ ќе „слетаат“ во Албанија, главниот демократ Сали Бериша рече дека целта е да им се покаже на лидерите на Унијата дека „Албанија е рангирана под Виетнам кога станува збор за стандардите на демократијата, наведува АБЦ њуз. вт/

Остани поврзан