Посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје
- Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна лента на бул.„Гоце Делчев“ и се продолжува по десната коловозна лента на бул.„Илинден“ се до крстосницата со улицата „МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.
-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници, велат од МВР и
апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.вј/цр
Фото: МИА архива